Новогодишен настан под мотото ,,Желбите на сите деца се исти,, ќе се одржи во градинката ,,8ми Април,, во Шуто Оризари,, на 21 декември(четврток) во 12:00 часот.

Децата од дневниот центар со помош на стручниот тим вработени изработија новогодишни рачни изработки кои ќе бидат ставени на продажба. 

Целта е средствата да бидат инвестирани во новогодишни подароци и исполнување на новогодишните желби на дечињата во дневниот центар.

Во новогодишниот базар ќе бидат вклучени сите дваесет и четири дечиња кои го посетуваат дневниот центар и стручниот тим вработени.

Новогодишните украси ќе бидат продавани по симболична цена со цел да се соберат средства за да се исполнат новогодишните желби на дечињата.

Ве очекуваме!

Кликнете тука за да ја сименете поканата во PDF формат