Во текот на годината, ги набљудуваме и промените што настануваат во природата и менувањето на годишните времиња.

Денес научивме дека во пролет се е зелено, во лето сонцето најмногу грее и надвор е топло, во есен лисјата паѓаат од дрвјата и природата околу нас е обоена во жолто, а во зима има снег и многу студи ❄⛱🍂🌱

Сето тоа децата го научија од стручниот тим во дневниот центар, каде заедно учиме, пишуваме, боиме и имаме најразлични забавни и поучни активности.

Секако тука се и нашите највредни негователки кои секој ден подготвуваат топол оброк за децата кои ја користат услугата.