На 20 Ноември се слави Светскиот ден на детето. Првпат е прославен во 1954 година како Универзален ден на детето.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за права на децата. Во 1989 година генералот на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето токму на овој датум.

Во продолжение ви нудиме неколку цитати за одбележување на овој ден.

– Детето секогаш може да ги научи возрасните три работи: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат како со сите сили да го бараат она што го сакаат – Пауло Коејло.

– Првата среќа на детето е да знае дека е сакано.

– Најдобриот начин да ги направите децата да бидат добри е да ги усреќите – Оскар Вајлд.

– Можете да научите многу работи од децата. На пример, колку трпение имате – Франклин П.Џонс.

– Најголемото наследство што може да се пренесе на децата не се парите или другите материјални работи стекнати во животот, туку наследството на карактерот и вербата.

– Не е наша работа да ги зајакнуваме децата да се соочат со суров и бездушен свет. Наша работа е да ги воспитаме децата да го направат светот помалку суров.

ДЕЦАТА СЕ НАШИОТ ЖИВОТ, НАШЕТО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО, НАШАТА РАДОСТ, ГОРДОСТ, НАШАТА ИДНИНА