Денес со актерката Санела Емин, стручниот тим и децата при Центарот за дневен престој на деца во ризик ,,Патека на надежта,, се фокусиравме на фамилијарните вредности во семејството и колку е посебна секоја секунда помината со нашето семејство.
Преку игра и активност, децата ја доловија семејната хармонија и хиерахиската подреденост на членовите во семејството. Децата дадоа посебен придонес преку улоги, со многу емотивни размислувања за едно комплетно семејство во кое живеат повеќе членови со една визија за позитивна иднина на сите членови во него.
Децата се забавуваа, глумеа, се смееја заедно со Санела и стручниот тим.
Пропратно имавме и други активности во кои децата со задоволство ја работеа активноста со лепење на хартија во боја и формирање различни цртежи.