На ден 22.03.2023 год, Здружението Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ – IDIC како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведе креативната акција со наслов: Роденден на дивата депонија Визбегово.

Креативната акција беше спроведена од целиот проектен тим. Креативната акција беше спроведена со самата дива депонија.

Со роденденски украси, роденденски капи и роденденска торта со свеки го одбележавме настанот и со тоа испративме порака до насдлежните институции дека не сакаме да поминат уште многу родендени под исти услови т.е. да славиме роденден на дива депонија.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.