Здружението на Граѓани ,,Иницијатива за развој и инклузија заедниците’’ на 01.03.2023 година одржа Едукативна работилница на тема ,,Отпорност на заедницата во случај на природни непогоди и катастрофи’’.
Целта на оваа едукативна работилница беше да се запознаат граѓаните од реоните каде што ИРИЗ работи (Пелагонија и Брсјачка Буна) како и на кон начин да постапуваат при природни непогоди и катастрофи.
Последните случувања со земјотреси во Турција и Сирија одзедоа голем број на животи и затекоа голем број на лица неподготвени во вакви ситуации. Затоа заложбата на ИРИЗ е да ги подготви граѓаните и едуцира во случај на слични или помали катастрофи.