Пред просториите на Дневниот центар за деца на улица ,,Патека на надежта” се одржа креативната акција „И јас сум дете, не оставај ме без образование“. Во рамки на акцијата беше промовиран мурал кој пренесува порака за важноста од континуирано образование. Креативната акција се одржа во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Станица ПЕТ, финансиран од Европската Унија, а во соработка со ИРИЗ – IDIC