Хабитат Македонија е во постојана комуникација со граѓаните.Овој пат, Ви ги прикажуваме Вашите мислења, кои ги собравме на терен. Во рамките на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“, 500 членови од заедницата ги кажаа своите размислувања, ние од тоа направивме анализа за да можеме сите заедно подобро да ја согледаме глобалната слика пред подготовката на деталните урбанистички планови за Шуто Оризари.

И овој пат, Хабитат Македонија теренското истражување го спроведе во соработка со Здружението на граѓани ИРИЗ, кои имаа ангажирано 10 истражувачи на терен.Истражувањето беше спроведено во март 2021 година.
Активностите се спроведуваат во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, финансиран од Европската Унија, а е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Шуто Оризари и Велес.