Ги повикуваме граѓаните од Шуто Оризари активно да учествуваат во сите фази од донесувањето на деталните урбанистички планови.Хабитат Македонија е секогаш на страна на граѓаните и е во постојана комуникација со нив.Затоа, како и до сега и понатаму ќе информираме за секој нареден чекор.До сега, на терен беа информирани сите граѓани од Шуто Оризари и тоа во реоните каде што ќе се подготвуваат деталните урбанистички планови.Во овој момент за потребите на креирањето на овие планови се врши геодетско мерење, односно снимање на теренот.

Нашите партнери, невладината организација ИРИЗ ќе продолжи со информирањето на граѓаните на терен.За подостапно и полесно информирање, дополнително ќе се делат брошурите насловени „Со детални урбанистички планови до подобро место за живеење“, но секако ќе добијат информација лично сите заинтересирани.Тие ќе можат да прашаат сè што ги интересира, секако и да дознаат дека со добивањето на Деталниот урбанистички план ќе им се подобри целокупниот квалитет на живеење.

Хабитат Македонија директно, или преку своите партнери, ќе продолжи активно да комуницира со граѓаните и ќе се труди тие да добијат вистинска и правовремена, јасна и разбирлива информација, затоа што главен партнер во целиот процес се токму тие – граѓаните.
Активностите се спроведуваат во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, финансиран од Европската Унија, а е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Шуто Оризари и Велес.