Во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, кој е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Шуто Оризари и Велес, а е финансиран од Европската Унија, се формираат 2 локални лидерски групи, една за Шуто Оризари и друга за Велес.
По одржаните средби во Велес, на 8 јуни 2021 година беа одржани и двата состанока во Шуто Оризари пред повеќе од 40 потенцијални членови на лидерската група, претставници од општината Шуто Оризари, од граѓански организации кои делуваат локално, граѓани од општината, претставници од деловниот сектор, од Центарот за социјална работа и сл.

Овие состаноци во Шуто Оризари, кои ги организираше граѓанската организација ИРИЗ, соработник на Хабитат Македонија, ги отвори Фатима Османовска, претседател на Совет на општина Шуто Оризари, а на нив присуствуваше и градоначалникот Курто Дудуш.

Лидерската група ја претставува локалната заедница, која што ќе се залага за потребите на своите сограѓани, особено за маргинализираните лица.Преставува мост помеѓу локалната самоуправа и граѓаните.Ќе има улога на соработник, застапник и лобист за маргинализираните заедници во однос на проблемот на домувањето и урбаниот развој на маргинализираните области.