Иницијатива за Развој и Инклузија на Заедниците – ИРИЗ во соработка со Црвениот крст на РСМ и Општинскиот кризен штаб при општина Шуто Оризари на почетокот на пандемијата, во април 2020 година на најранливите и социјално загрозени семејства им подели 400 пакети во храна и хигиенски средства.

Оваа значајна поддршка на граѓаните на почетокот на пандемијата и рестриктивните превентивни мерки се спроведе со донација од Фондацијата отворено општество Македонија – ФООМ која повеќе од две децении е вистински пријател и силен подржувач на ромската заедница и за оваа цел одвои 100.000 долари за итна хуманитарна интервенција наменета за ромската заедница.