Поради состојбата со пандемијата Ковид 19, ИРИЗ постојано од почетокот на пандемијата ја следи состојбата на терен, работата на институциите, мерките кои владата ги објавува и се друго поврзано со Ковид 19.Па затоа сите свои активности ги насочи во превенција, едукација и информација на својата целна група за заштита од ширење на пандемијата Ковид 19.Освен ова будно ги следиме сите законски промени и регулативи на државните институциите и владата на Р. Северна Македонија а кои влијаат во подобрување на квалитетот на живеење на локалното население. Во таа насока ИРИЗ ги има превземено следните активности:

  1. Од Август до Декември 2020 поднесени 10 Информации од јавен карактер до Институт за Јавно Здравје за бројката на заболени во Општина Шуто Оризари
  2. Следење и информирање за економските мерки на Владата – За секоја од економските мерки поделени се 400 брошури со информации и рокови во однос на истите. Но исто така работевме и доколку некој според критериумите требало да е опфатен со мерката а не бил тогаш преку нашите фасцилитатори и аниматори помагавме на граѓаните да поднесат приговори.
  3. Како дел од работната група за лица без документациај при МТСП застапувавме лицата без документација да се здобијат со лична документација а со тоа да се здобијат со здравствена и социјална заштита.
  4. Ги следевме буџетите на институциите на РСМ наменети за Роми – Министерството за Образование и Наука и МТСП го редуцирале буџетот односно направиле пренамена на буџетот наменет за Роми. Истото го направиле и Министерството за транспорт и врски. Ова го следиме со цел да видиме на кој начин и како ќе се потрошат тие средства и дополнително ќе мониторираме дали и колку ќе се предвиди буџет за наредната година во истите програми.
  5. ИРИЗ како дел од Општинскиот кризен штаб на општината активно ја следеше состојбата за време на пандемијата и имаше реакција поради тоа што дежурната служба во Амбулантата на Шуто Оризари не функционирала. Таквата состојба доведе голем број на граѓани за време на пандемија да се насочат во околните дежурни служби со што се доведоа во дополнителен финансиски трошок но и опасност од Ковид 19.ИРИЗ во однос на ова ја следи состојбата, реагиравме до Здравствен Дом и Министерство за здравство но и преку креативен активизам ќе го изнесеме проблемот во јавност.
  6. Ја следиме и работата на Полицијата односно колку и на кој начин ги контролираат лицата на кои им е изречено решение за изолација. Во однос на ова наидовме на неколку неправилности.Протокот на информација и комуникација помеѓу ДСЗИ, ИЗЈ и Полицијата е на многу ниско ниво и ненавремено си разменуваат информации за лица на кои им е изречена мерка изолација со што се доведува лицата кои треба да се во изолација да не се контролираат и несвесните граѓани си земат за право да се движат во околината непречени од никој.Таквата појава предизвикува дополнителна опасност за ширење на Ковид 19 во нашата општина.
  7. – За време на пандемијата со Ковид 19 на социјалните мрежи се појави говор на омраза и дискриминирачки коментари насочени кон ромската заедница, ИРИЗ во таа насока изработи видео во соработка со др. Тефик Сали вработен во Американскиот Мировен Корпус како општ лекар каде биле споделени информации како да се заштити и што да превземе населението од Ковид 19 но и да се надмине говорот на омраза.
  8. На почетокот на пандемијата во месец Март, ИРИЗ им има помогнато на околу 300 граѓани за да поднесат барање за олеснет пристап до ГМП. Оваа помош се состоела во пополнување на барањето и помош околу прибирање на потребната документација за ГМП.
  9. За време на пандемијата но и сеуште ИРИЗ активно ја следи работата на Амбулантата Шуто Оризари, каде што неколку матични лекари се пред пензионирање и се заканува на околу 4 илјади граѓани да останат без матичен лекар. Во однос на ова ИРИЗ има одржано средби со матични лекари и пратено допис до Министерство за здравство,и други инволвирани институции за да можат овој проблем да го решат.
  10. ИРИЗ е присутен во ЦСР Шуто Оризари преку своите аниматори. Центарот заостануваше многу во својата работа. Голем број на лица не се исплатени за ГМП и друг вид на социјална помош и по цела година, со образложение дека по затварање на Еуростандард банка најпрвин имаше известување дека по службена должност ќе се отварало сметки на граѓаните по други банки за потоа да речат дека секој ќе треба поединечно да си отвори сметка во банка. Се направи голем хаос во однос на ова па затоа ИРИЗ помогна да се поделат Социјални броеви.Поделени се социјални броеви на 130 лица за да се поврзат со банките.
  11. ИРИЗ во соработка со Црвениот Крст а како донација на ФООМ најпрво во Март подели 400 пакети сопрехранбени производи а потоа во Декември подели 300 пакети во хигиенски средства и витамини од кои 270 на семејства од улиците Пелагонија и Брсјачка Буна и 30 корисници на ХОПС.
  12. ИРИЗ активно учествува во делење на топол оброк во Општинската народна кујна, волонтирајќи секојдневно со својот тим каде што секојдневно обслужува по 200 лица. Оваа акција е обележана под мотото ,,Нула гладни во Шуто Оризари”
    Покрај горенаведените активности, ИРИЗ нуди и параправна помош.Нашиот тим од четири параправници/фасцилитатори и четири Аниматори годишно обслужува и по 300 клиенти по основ на здравствена заштита, социјална заштита, образование, домување, вработување и др.
    Ова е само дел од активностите кои ИРИЗ ги има реализирано со почетокот на пандемијата Ковид 19.
    ИРИЗ останува отворена и транспарентна за сите граѓани, здруженија и фондации за соработка, со цел подобрување на социо-економската состојба на граѓаните од Шуто Оризари.