На 13ти Јануари 2022 година на граѓаните од Општината Шуто Оризари, тимот на ИРИЗ делеше информативна брошура насловена „SARS-CoV-2: B1.1.529 Omicron“, а воедно пораката гласеше „Заштитата на здравјето на нашите најблиски роднини, пријатели, колеги зависи од самите нас. Колку сме повеќе информирани толку повеќе придонесуваме за намалување на ширењето на пандемијата со КОВИД 19.“

Брошурата која ја изготви тимот на ИРИЗ имала цел да ги информира граѓаните од општината Шуто Оризари, се околу новиот сој наречен „Омикрон“ и како граѓаните да се заштитат самите себе си и нивните најблиски.