Во состојба кога државата и здравството е во хаос и колапс тука е невладиниот сектор како и секогаш да излезе во пресрет на своите граѓани.

Иницијатива за равој и инклузија на заедниците – ИРИЗ подржани од Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ, денеска подели 300 пакети со хигиенски средства и витамини (Витамин Ц 1000, Магнезиум, Витамин Д и др.)со цел за полесно справување со Ковид 19. Овие пакети биле поделени на оние на кои најмногу им се потребни и тоа на улица Пелагонија 97 и на Брсјачка Буна делот позади игралиштето и делот кај отпадот.За целосната реализација на оваа акција имавме и техничка подршка од Општината Шуто Оризари и Градоначалникот Курто Дудуш.

Им благодариме на сите кои ни помогнале во дистрибуција на пакетите.
По којзнае кој пат ФООМ се покажа искрен подржувач и помагател на ромската заедница.