Фадиљ ЏемаилКоординатор на проект

fadil

Координатор на проект „Социјална отчетност и правно зајакнување на граѓаните“ во општина Шуто Оризари.
Тој е еден од основачите на ИРИЗ. Има долгогодишно работно искуство во граѓанскиот сектор. Работел и како координатор на други проекти од различно области, како што се образование, здравство, социјала и домување. Стажирал во Советот на Европа – Директоријат за Социјална кохезија, Одделение за Роми и Миграции. Има завршен колеџ во Израел – Галилее колеџ (дваесетдневна интернационална програма на тема: Менаџмент – раководење со човечки ресурси, проекти и проектен циклус, и заштита и превенција од ХИВ/СИДА на локално ниво).

Контакт: fadil.dzemail@iriz.org.mk
fadil.dzemail@gmail.com

Визија: Република Македонија е целосно развиено и инклузивно општество во кое што сите граѓани имаат подеднакви права и пристап до квалитетни здравствени, социјални и образовни услуги.

English EN Macedonian MK