Денешната креативна акција „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“ е израз на незадоволството од страна на ромската заедница поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари. Истовремено, испраќа порака до надлежното Министерство за труд и социјална политика дека ЦСР во Шуто Оризари е нефункционален и потребни се сериозни реформи за негово соодветно функционирање.

Уличниот перформанс беше симболично замислен како лавиринт заснован на секојдневните случувања, лични искуства, животни приказни и вистинити изјави од барателите на социјални услуги и е последица на невозможноста во институционалниот лавиринт да се остварат социјални права кои Уставот ги гарантира, а законот овозможува пристап и остварување на истите.
*Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондација Отворено општество – Македонија. На обуката и во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Romano Chachipe; ИРИЗ – IDIC; National Roma Centrum; Станица ПЕТ.
Дел од фотографиите погледнете подолу, а прочитајте повеќе за акцијата тука: https://bit.ly/37yPLeR
Целосната галерија од настанот погледнете ја тука: https://bit.ly/3lAKw3i