Успешни приказни на Роми Претприемачи во Македонија

Во оваа брошура се презентирани поединечни приказни на само неколку успешни Роми претприемачи. Некои од нив учествувале во програмата за самовработување, ги користеле мерките и успеале да создадат успешен бизнис.
Овие успешни приказни претставуваат мотив и инспирација и на останатите невработени лица и потенцијални претприемачи кои имаат идеја, за остварување на своите бизнис идеи и да започнат свој бизнис.
Само-вработувањето е успешно решение за невработеноста за значаен број на луѓе во земјата и нивниот успех, создава дополнителни можности за вработување на други лица кои се невработени, вклучувајќи ги и оние од најранливите групи во општеството.

Целосната публикација со успешните приказни е достапна ОВДЕ

 

Сите фотографии во оваа брошура беа дадени на користење со љубезна дозвола на претприемачите.

Посебна благодарност за поддршката во имплементирањето на проектот до организациите Рома СОС – Прилеп, Баирска Светлина – Битола, Дром – Куманово, НВО Кхам – Делчево, Преродба – Кичево, Светла Иднина – Кочани, Кхам – Куманово.

Оваа публикација е овозможена со поддршка на Open Society Foundation – Будимпешта во рамките на проектот Политики за претприемништво во Македонија за надминување на “другоста” кај Ромите, имплементирана од Центарот за економски анализи – ЦЕА и Иницијатива за развој и социјална инклузија – ИРИЗ.
Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не секогаш ги одразуваа мислењата на Open Society Foundation – Будимпешта

 

 



English EN Macedonian MK