Студенти од Медицински мереа телесни вредности на деца Роми од прво одделение

Студенти од Медицинскиот факултет во склоп на проектот РХСП во соработка со Здружението ИРИЗ во општина Шуто Оризари вршеа мерење на телесни вредности за истражувањето „Антропометриска детекција и евалуација на растот и степенот на исхранетост кај деца од ромска националност“. Оваа активност е наменета за деца од прво одделение и беше спроведена во ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ и ОУ „26-ти Јули“ во Шуто Оризари.

Цели на оваа активност се: процена и евалуација на телесната градба и на анатомско – морфолошките карактеристики кај децата од ромска националност; Формирање на сопствени, јасни, дефинирани и прецизни антропометриски критериуми за детекција и класификација на отстапувањата на состојбата на растот и нутрицијата кај децата; Детекција на нутритивни ризици, евалуација и изготвување на возрасно – специфични перцентили на основните антропометриски параметри за проценка на растот и исхранта на децата; и Компарација на антропометриските карактеристики со децата од други популации.

Во функција на реализација на основните и посебните цели, истражувачите ги вршеа следниве активности: интервју, антропометриски мерки, индекси и изведени антропометриски параметри и статистичка анализа.

Истражувањето ќе се спроведува во периодот од март до средина на мај 2017 година, во општина Шуто Оризари.

Анализите од истражувањето ќе се работат сукцесивно во периодот од средина на мај до јуни оваа година.

20170502_15113220170502_15111420170502_15462520170502_151148



English EN Macedonian MK