Средба на фасцилитаторите во рамки на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“

На 2 и 3 јуни во Велес, фасцилитатори од Здружението ИРИЗ присуствуваа на средба со организациите кои работат на полето на интегрираниот пристап во ромските заедници – „Социјална отчетност и правно зајакнување“.

На првиот ден од средбата невладините организации ИРИЗ, КХАМ и ЦДРИМ ги презентираа наодите од прашалникот за влез во домаќинствата и социјална ревизија. Исто така Здружението ЕСЕ имаше презентација по однос на наодите од мониторингот на превентивните програми.

На средбата се дискутираше за дефинирање на чекори за Стратегијата за застапување на национално ниво и за насоките за подготовка на стратегии за застапување на локално ниво.

На вториот ден од средбата беше презентирана и на присутните им беа дадени инструкции за новата дата база на податоци за обезбедување на параправна помош, која е новитет во проектот. Дата базата ќе се користи во иднина за внесување на податоци за клиенти кои се обраќаат во параправната канцеларија.

На крај беше спроведен процесот на евалуација со кој се затвори работилницата.18767826_301948860252009_5532010250358858773_n



English EN Macedonian MK