Се одржа првата работилница од проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница“

Почна реализацијата на едукативните работилници на Здружението ИРИЗ, а во рамки на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница“. Ова е прва од предвидените четири работилници со населението од општина Шуто Оризари.

На работилницата се зборуваше за Здравственото осигурување, како се остварува, која е потребната документација и кои се помалку промовираните бенефити во јавноста кои се добиваат со него, а кои се во корист на граѓаните.

Присутните пристапија отворено кон фасцилитаторите кои ја водеа работилницата  со прашања  што ги засегаат, а за кои добија соодветни одговори.

Граѓаните заминаа задоволни, со сознание дека ИРИЗ е нивната подршка и сервисот кои со години им бил потребен и дека сега кога веќе постои можат слободно да се обратат во било кое време за било каков проблем.

IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje  5IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje  6IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 1IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 2IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 3IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 4IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 7IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 8IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 9IRIZ-prva rabotilnica Socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 10



English EN Macedonian MK