Примена на иновативни начини за финансирање на активности за правно зајакнување

Од Декември, 2018 до Мај, 2019  година ИРИЗ ке го спроведува проектот “Примена на иновативни начини за финансирање на активности за правно зајакнување”.

Целта на овој проект е  да се  имплементираат  иновативни начини за финансирање и оддржување на еден сервис кој е од големо значење за граѓаните во однос на параправните услуги кои ги добиваат секојдневно во нашата канцеларија.

Воедно,  да ја  информира  пошироката јавност  во однос на принципот на работа на параправниот сервис како и за придобивките кои ги добиваат граѓаните.

Исто така нашата цел е да  се запознаат и  донесувачите на одлуки на локално и национално ниво  да не препознаат и да се обврзат да ги вклучат правните услуги во своите  политики и надлежности, со што ке  зголеми видливоста  и со тоа ќе се зголеми  бројот на корисниците  на услуги.

 

 

Проектот е финансиран од  Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество -Македонија



Leave a Reply

English EN Macedonian MK