Прва фаза од спроведување на прашалници во проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“

Со цел да се добие вистинска слика за состојбата поврзана со здравјето, здравствената заштита и почитувањата на правата на пациентите во општина Шуто Оризари, НВО ИРИЗ во рамки на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на жителите од Шуто Оризари“ спроведува прашалник кој ќе ги открие проблемите со кои се соочуваат Ромите.

Податоците добиени преку прашалникот ќе послужат како основа за подготовка и спроведување на конкретни барања до надлежните институции за преземање на конкретни мерки за унапредување на здравствената заштита и здравствената состојба на населението од општина Шуто Оризари.

Iriz-socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 1Iriz-socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 2Iriz-socijalna otcetnost i pravno zajaknuvanje 3



English EN Macedonian MK