„Подобро орално здравје за повеќе весели насмевки“

Студенти од Медицинскиот факултет во склоп на проектот РХСП во соработка со НВО ИРИЗ во општина Шуто Оризари одржаа презентација под наслов „Подобро орално здравје за повеќе весели насмевки“. Оваа презентација е наменета за деца од трето и шесто одделение и беше спроведена во ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ и ОУ „26 Јули“ во Шуто Оризари. Нејзината основна цел е истите да се поттикнат да стекнат навики и да научат повеќе за одржуавње на хигиената на забите и оралното здравје.

Реализацијата на поставената основна цел се овозможува преку поставување на следниве цели:

– Да се утврди социо-економскиот статус на децата од ромска популација;

– Да се проценат нивните навики за правилна исхрана;

– Да се утврдат навиките за одржување на правилна орална хигиена;

– Да се процени нивното знаење за превенирање на можни повреди на заби при спортски активности.

Во функција на реализација на основните и посебните цели, истражувачите ги вршеа следниве активности: подготовка на прашалници, надгледни материјали и презентации, спроведување на анкета, презентирање и обука за правилна исхрана, обука за одржување на орална хигиена, препораки за превенирање на можни повреди на забите и орални ткива при разни спортски активности.

Истражувањето ќе се спроведува во периодот од февруари до крајот на март 2017година, во општините според место на живеење на истражувачите.

Анализите од истражувањето ќе се работат сукцесивно во периодот од февруари до април 2017 година. Од добиените резултати ќе произлезат појдовни сегментите од кои понатаму ќе се види дали има потреба да се делува, со цел да се подобри оралното здравје кај децата.

IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 2IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 18IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 17IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 16IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 15IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 12IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 11IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 10IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 7IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 5IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 4IRIZ- podobro oralno zdravje za poveke veseli nasmevki 3


 



English EN Macedonian MK