Поддршка на Ромското население под Кале

Поддршка на Ромското население под Кале – акција спроведена од ИРИЗ, поддржана финансиски од ФООМ со вкупно 250.000 МКД

Ургентната мерка вклучува донација на храна и вода за пиење, хигиенски средства, детски пелени и основни намирници за живот на триесетина ромски семејства (околу 130 лица) останати без домови. Меѓу нив има лица без документација, бремени жени, болни лица и деца. Целта на оваа акција која ФООМ ја реализира со помош на Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ (ИРИЗ) е да одговори на моменталните потреби на овие граѓани во очекување надележните институции да пронајдат трајно решение на нивниот проблем.



English EN Macedonian MK