Нова година во духот на хуманоста

Тимот на ИРИЗ оваа година, наместо организирање на новогодишна забава, реши да ја сподели новогодишната радост со дечињата од градинката „8ми Април„ од општина Шуто Оризари и децата под Кале, со скромен придонес, новогодишно пакетче подарен од Дедо Мраз. Тимот на ИРИЗ на сите соработници, донатори, партнери и на целата заедница им посакува убави празници и споделени радости со најблиските, но и со тие на кои им е потребна! Благодарност и до целото членство на ИРИЗ кое учествуваше во акцијата со свој придонес.



English EN Macedonian MK