Националниот акционен план за образование на Роми

Во рамки на Иницијатива за евалуација на имплементацијата на Националниот акционен план за образование на Роми 2005-2015, спроведувана од ИРИЗ, во партнерска соработка со : Здружение Центар за образовна поддршка Дендо Вас, Здружение за развој на ромската заедница во Македонија Сумнал, Ц.С.И Надеж, Ромски Едукативен Центар Амбрела и СОС Детско село Македонија и со техничка поддршка на Националниот Демократски Институт Македонија, на 25ти мај, во х. Холидеј Инн, Скопје, го презентираше финалниот продукт на иницијативата, извештајот „„ОСВРТ НА СПРОВЕДЕНАТА ВЛАДИНА ПОЛИТИКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНАТА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ 2005-2015 ВО СОГЛАСНОСТ СОАКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РОМИ 2005-2015„.

На средбата присутните претставници пред се на граѓанскиот сектор ги донесоа следниве заклучоци:

  1. Да се изнајде механизам за прибирање, анализа и обработка на податоци од страна на институциите задолжени за имплементација на Стратегијата за Ромите во Република Македонија на локално и централно ниво, како и редовенмониторинг и евалуација на сите мерки на Владата превземени согласно Стратегијата за Роми.
  2. Подобрување на меѓуинституционалната соработка и координација помеѓу институциите и невладиниот сектор.
  3. Редовно известување на владините институции за постигнатите резултати во образовната сфера (претшколско, основно, средно, високо и образование на возрасни со посебен осврт на ромската популација);
  4. Во идните акциски планови да се вметне механизам за отчетност и финансиска транспарентност за имплементирани активности;
  5. Недостаток на показатели за успех на Стратегијата на Ромите во Република Македонија2005-2015 година;
  6. Активности за евалуација на спроведеното од страна на институциите  да се реализираат на локално ниво, еднаш годишно
  7. Да се подготвува и доставува алтернативен годишен извештај за состојбата на Ромите  и имплементацијата на Владините политики насочени кон унапредување на состојбата на Ромите од страна на граѓанскиот сектор и истиот да се достави до European Commision/Justice


English EN Macedonian MK