Конкурс за ангажирање на медиум /интернет портал за креирање на промотивно видео и четири видео стории, обработка и промоција на истите

  1. Промотивното видео има за цел да ја информира јавноста во однос на принципот на работа на параправниот сервис како и за придобивките кои ги добиваат граѓаните кои се обраќаат во нашата канцеларија во времетраење од максимум 90 секунди ;

 

  1. Целта на видео сториите е да се долови и пренесе работата на параправниот сервис преку лица кои биле корисници, со што ќе се запознаат и донесувачите на одлуки на локално и национално ниво, ќе се обврзат да ги вклучат правните услуги во своите  политики и надлежности. Исто така ќе се зголеми видливоста на параправниот сервис  и со тоа ќе се зголеми  бројот на корисници на услугите.

Право на пријавување имаат сите регистрирани тв медиуми и интернет  портали на територија на општина Шуто Оризари кој ќе искреираат промотивно видео во времетраење од максимум 90 секунди и 4 видео сториии на корисници на услуги на параправниот сервис во времетраење од максимум 240 секунди со обврска за ажурирање и обновување на видливоста/емитување  на видеата континуирано  во период од  4 месеци. Видеата ќе се снимаат во канцеларија на ГО ИРИЗ и на терен, а финалната обработка ќе биде со примеси на анимации.

Содржината на видеата и интервјуата ќе бидат на ромски јазик со превод на македонски јазик(титл).

 

 

 

Начин на аплицирање и краен рок за поднесување на апликациите

 

Понудите потребно е да содржат:

  • Портфолио за работата на правното лице и професионални биографии на лицата кои ќе работата на креирање на видеата
  • Предлог-концепт за промотивното видео и видео сториите
  • Предлог-буџет

Изборот на добавувачот ќе се изврши врз основа на квалитетот на понудените концепти, на

финансиската понуда, како и портфолиото на правното лице и професионални биографии (CV)

Понудите потребно е да се достават по електронски пат на емаил  melisamemis@gmail.com

најдоцна до 24 Јануари 2019 година.

За дополнителни информации во врска со конкурсот можете да ја контактирате Мелиса Мемиш, координатор на проектот на емаил melisamemis@gmail.com или на тел. 02 2 602 083, секој рабоотен ден од 8:30 до 15:30 часот.

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество -Македонија



English EN Macedonian MK