ИРИЗ работилница за правата и обврските на граѓаните како пациенти

Преку проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница“ во просториите на Здружението ИРИЗ  беше реализирана и последната едукативна работилница со населението од општина Шуто Оризари.

На работилницата фасцилитаторите им објаснија на граѓаните за тоа кои се нивните права како пациенти, нивните обврски кон самите себе и кон здравствените работници.  Исто така беше објаснето и доколку се прекрши нечие право каде можат да се обратат.

На присутните граѓани, фасцилитаторите кои ја водеа работилницата, преку прашања и одговори им објаснија кои се нивните права и обврски како пациенти.

Граѓаните беа задоволни од едукативната работилницата на Здружението ИРИЗ, кое секогаш е нивна поддршка и сервис кој им е потребен и секогаш можат слободно да се обратат за каков било проблем.

18318024_10212686987592673_1839831562_o18318269_10212686988032684_2121557713_o18318781_10212686987672675_294709718_o18318802_10212686987792678_407002052_o



English EN Macedonian MK