ИРИЗ – работилница за подобро здравје на децата и ромското население

Здружението ИРИЗ во склоп на проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување на ромската заедница“ организираше две фокус групи и две едукативни средби со населението од општина Шуто Оризари. Целта е да се утврди колку деца од ромската заедница се опфатени со вакцинација, дали патронажните сестри и ромските здравствени медијатори ги посетуваат семејствата и колку се задоволни од здравствените услуги обезбедени во Здравствениот дом во Шуто Оризари.

Фасцилитатори на Здружението ИРИЗ и патронажната сестра Фејзула Неџмија на присутните мајки им објаснија за важноста на вакцината, но и за превевентивните здравствени услуги кои можат да ги добијат мајките и децата. Со помош на Локалното население од улица „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари ќе може да се добие реална бројка за опфатот на ромските деца со вакцинацијата. Крајна цел на овој проект е да се овозможи соодветен опфат на децата Роми со вакцинација, со што ќе се подобри здравјето на децата и на целото ромско население во Македонија.

IRIZ- socijalna otcetnost 25.04.17IRIZ- socijalna otcetnost 25.04.17 - 3IRIZ- socijalna otcetnost 25.04.17 - 4IRIZ- socijalna otcetnost 25.04.17 - 2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

IRIZ - imunizacija perjan - 3IRIZ - imunizacija perjan - 5IRIZ - imunizacija perjan 2IRIZ - imunizacija perjan



English EN Macedonian MK