Здружението ИРИЗ ги посети здравствените советувалишта

Со цел да се увиди квалитетот на работата на практикантите и нивните ментори, но и за тоа колку се придонесува во ромската заедница, Здружението ИРИЗ направи мониторирање во здравствените советувалишта во Скопје, Делчево и Гостивар. Преку собраните формулари и согласности се покажа колку пациенти го имаат посетено советувалиштето и дали има придонес во подобрувањето на здравјето на ромската популација.

Од почетокот на работата на здравствените советувалишта до сега, во трите града има прегледано 471 пациент, Роми и Не-роми, што покажува дека методот и начинот на работа ги спречува стереотипите за ромските здравствени работници.

За шест месеци најмногу прегледани пациенти има во Делчево во селото Црник – 305, потоа во Скопје – 138 пациенти и Гостивар со 28 пациенти.

Здравстевните советувалишта се во рамки на проектот РХСП, имплементиран од страна на НВО ИРИЗ. Нивната улога е советодавна, односно има за цел  превенција на болести и унапредување на здравјето на ромското населението во три града. Здравствените советувалишта нудат бесплатни совети во делот на здравиот начин на живот, здрава исхрана, мерење на крвен притисок и шеќер и други здравствени консултации.

18982997_10203744726295413_1585254292_n 18928306_10203718078549236_927921629_n18902888_302055013574727_1103455441_n19021340_10203744711935054_1781777150_n19021421_10203744726335414_193024322_n



English EN Macedonian MK