За Нас

ИРИЗ е основана во март 2016 година од група на 9 искусни, посветени и стручни Роми, не-Роми, млади студенти, дипломирани и постари лица од заедницата, со првична цел, здружување на постојните поединечни капацитети за остварување на видливи резултати во заедниците во кои живееме.
ИРИЗ како професионална организација чиј тим има повеќегодишно искуство во спроведување на проекти и програми за развој на Ромската заедница, во март 2016 година со поддршка на Младинскиот образовен форум ја креираше и својата прва Организациска стратегија за периодот 2016-2018, која насокоро ќе биде достапна на веб сајтот.
ИРИЗ е организација базирана на членство и тимот на организацијата ги повикува сите заинтересирани лица да пристапат кон организацијата и да се запознаат со нејзината работа.

Мисија: ИРИЗ е здружение на граѓани кое работи за унапредување на пристапот на Ромите до социјални,здравствени и образовни услуги преку обезбедување на параправна помош и подршка, информирање и едукација, подигање на нивото на образование,и вклучување Ромите во процесите на креирање на јавни политики и стратешко застапување на граѓаните. ИРИЗ е здружение кое ке работи со заедницата за заедницата.

Стратешки приоритети

  1. Информирање на граѓаните за правото на здравствена и социјална заштита и олеснет пристап до надлежните институции, подигнување на квалитетот на јавните услуги и унапредување на политиките за здравствена и социјална заштита.
  2. Подигање на образовното ниво и свеста  на граѓаните,  за потребата од квалитетно образование и промоција на неформално образование.
  3. Мобилизација и вклучување на заедницата во идентификација на локални проблеми и потреби.

Визија: Република Македонија е целосно развиено и инклузивно општество во кое што сите граѓани имаат подеднакви права и пристап до квалитетни здравствени, социјални и образовни услуги.

English EN Macedonian MK