Започна со работа Здравственото советувалиште во рамките на програмата на РХСП во имплементација на Нво ИРИЗ

Здравственото советувалиште освен во Скопје, веќе се отворени и во Гостивар и Делчево и се во склоп на три НВО од кои во Скопје, во ИРИЗ, во Гостивар во НВО Сонце, и во Делчево во НВО Кхам. Во истите се спроведува проектот Право на здравје, нудење на Параправна помош на Ромската заедница, кој овозможува нудење на услуги кои се во доментот на права на пациенти . Здравственото советувалиште има советодавна улога, односно има за цел  превенција на болести и унапредување на здравјето на населението во овие три градови на Ромската заедница преку : нудење на  бесплатни совети во делот на здрав начин на живот, здрава исхрана, мерење на крвен притисок и шеќер  и  слични здравствени консултации.

Работното време е од  9-13 часот секој работен ден во Скопје, додека во преостанатите градови ќе функционира три пати во неделата.

 



English EN Macedonian MK