Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

CARE Deutschland/Luxembourg e.V и Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје, во соработка со ИРИЗ веќе неколку месеци активно работат на проектот за „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“. Овој проект е финансиран од страна на Европската Унија.

Целта на овој проект е  вклучување на  сите заинтересирани жени од немнозинските етничките заедници, на возраст од 20 до 40 години, со минимално завршено основно образование, преку учество на обуки да ги зајакнат своите знаења, вештини и искуства, кои ќе им овозможат да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Обуките се спроведуваат во Скопје, Куманово, Тетово, Битола и Штип.

Теми за време на обуките сe:

1. Општи животни вештини: комуникација и меки вештини;

2. Кариерно советување;

3. Основи за развој на бизнис и самовработување.

За најуспешните учеснички од обуките проектот предвидува  три месечна платена пракса.

CARE, ANTIKO, IRIZ 1CARE, ANTIKO, IRIZ 3
CARE, ANTIKO, IRIZ 5
CARE, ANTIKO, IRIZ 6CARE, ANTIKO, IRIZCARE, ANTIKO, IRIZ 4



English EN Macedonian MK