Активности на НВО ИРИЗ по повод Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми Април, тимот од здравственото советувалиште во рамки на Здружението ИРИЗ излезе на средба со граѓаните на Шуто Оризари. Мерење на притисок, мерење на шеќер во крв и здравствени совети, беа само дел од услугите кои можеа да ги добијат граѓаните.

Здравствените советувалишта работат во рамки на проектот РХСП – компонента за застапување, имплементиран од страна на Здружението ИРИЗ во три града во Македонија, во Скопје, Делчево и Гостивар.

Сите граѓани од Шуто Оризари кои сакаат да добијат бесплатни здравствени совети и услуги, можат да се обратат секој работен ден во Здружението ИРИЗ.

DSC_0132DSC_0133DSC_0136DSC_0139DSC_0140



English EN Macedonian MK